На егзибициски тениски меч меѓу австралискиот тенисер со хрватски корени, Бернард Томиќ и контроверзниот Ник Киргиос беше забележан можеби најбезобразниот сервис во историјата на тенисот.

Томиќ, кој е познат по бројните испади, афери и невообичаени потези се чини отиде чекор понапред. Тој од рака ја испушти топката како да ќе ја удри од земјата неколкупати, но веднаш потоа низ нозе ја упати во полето на противникот, додека со другата рака сеуште тактизираше како да се подготвува за сервис.

Во прв момент никој од присутните не разбра што се случува, а збунетиот судија по неколку секунди го призна поенот на Томиќ.

Погледнете: