Top Sport

Најдобар кога е најпотребно, импресивни бројки на „Златната ракавица“

Бразилскиот голман, Алисон Бекер пред година ипол стигна во Ливерпул од Рома за во тој период рекордно висока сума, кога голманите се во прашање.

Тој е доведен на „Енфилд“ како големо засилување ако се знае дека „црвените“ имаа проблеми со голманите години наназад. За краток период покажа дека ќе има влијание врз резултатите на екипата на Јирген Клоп.

Во неговата прва сезона тој со Ливерпул ја освои ЛШ, а имаа и одлична сезона во ПЛ иако титулата пред нос им ја собра Манчестер Сити.

Алисон Бекер и со селекцијата на Бразил има успеси, со „кариоките“ слевеше на Копа Америка, а беше прогласен и за најдобар голман на турнирот.

Тој ја доби и наградата за најдобар голман во Европа, па и во светот во изборот на ФИФА и на „Франс фудбал“.
Бекер имаше сезона за паметење. Во најважните мечеви за „црвените“ успеа да ја сочува својата мрежа чиста, го одбранил секој удар упатен кон неговиот гол.

Тој ги одбрани сите удари кон својот гол на синоќешниот дуел против Салцбург, во финалето на ЛШ против Тотенхем, со Барселона во полуфиналето на ЛШ, и со Наполи во групната фаза на ЛШ, минатата сезона.

Во мечевите кои Ливерпул мораше да ги добие Бекер имаше фантастични 23 одбрани и запре 15 удари упатени од казнениот простор.
https://youtube.com/watch?v=MPXf4iowVwU

Scroll to Top