Американскиот кошаркар, довчерашниот играч на Милано, Мајк Џејмс (28) потпиша едногодишен договор со московска ЦСКА, соопштија од рускиот клуб.
Џејмс минатата сезона ја освои наградата „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец во Евролигата. Тој просечно на меч постигнуваше по 19,8 поени и 6,4 асистенции. Џејмс беше дел од втората најдобра петорка на Евролигата за минатата сезона.
„Возбуден сум што ќе бидам дел од тим кој има победнички менталитет. Чест ми е што тренерот Димитрис Итудис ме избра и што ќе и се придружам на екипата која ја освои Евролигата“ – изјави Џејмс.
Американецот пред да настапува за Милано, беше дел и од Панатинаикос, Њу Орлеанс, Феникс, Басконија, Колос и Хапоел Елијн.