Top Sport

Најдобриот тенисер во дубл падна на допинг поради колумбиско месо

Најдобриот светски тенисер во двојки, Роберт Фарах (32) е позитивен на допинг откако наодите утврдиле дека користел недозволена супстанца „Болденон“.

Колумбиецот кој е роден во Канада неодамна соопшти дека нема да учесствува на Австралија Опен од приватни причини, но сега ја извести јавноста за што точно станува збор.

„Пред неколку часа, ИТФ ме извести за присуството на `болденон`на тестот кој го направив на 17 октомври 2019 година. Само две недели порано направив анти-допинг тест во Шангај и тој беше негативен. Во текот на кариерата имам направено 15 различни тестови и сите биле негативни. Како што ми беше соопштено од Колумбискиот олимписки комитет,`болденонот` може да се најде и во колумбиското месо и може да влијае на резултатите“ напиша Фарах.

Тој минатата сезона во двојки со Хуан Себастијан Кабал ги освои Вимблдон и УС-Опен.

Во моментов не е познато како ќе се одвива ситуацијата во продолжение и колкава ќе е неговата суспензија.

Scroll to Top