Top Sport

Нандо де Коло во Тимот на деценијата во Евролигата

Францускиот кошаркар, Нандо де Коло е избран во идеалниот Тим на деценијата во Евролигата. Тој во изминатата деценија, вкупно 6 години помина во Евролигата и статистички е еден од најдобрите играчи.

Освои две титули, во 2016 и 2019 година. При освојувањето на првата титула, беше прогласен и за МВП на натпреварувањето.

Според индексот на корисност, Де Коло е втор, зад Анте Томиќ и втор по бројот на поени зад Василис Спанулис.

Францускиот кошаркар е најдобриот изведувач на слободни фрлања на сите времиња во Евролигата, со 94% успешност.

Тој е десетти според бројот на асистенции, единесетти според процентот при шут за 3 поени и шести според бројот на украдени топки.

Scroll to Top