Top Sport

Нант со Лазаров го победи Скјерн сред Данска, Пик Сегед едвај го доби Мотор

Ракометарите на француски Нант славеа на тешкото гостување во Данска, кај Скјерн со 34-32 во рамки на 12 коло од ракометната ЛШ.

Домаќините во текот на целото прво полувреме имаа водство предводени од искусните Мирхол и Егерт. Максималното водство изнесуваше 4 погодоци, но на паузата се замина со резултат 17-15.

Одличен на мечот беше нашиот капитен Кире Лазаров кој ги предводеше Французите до пресврт во вториот дел. Голманот Бонефои во финишот на мечот беше на ниво на задачата, па Нант ги однесе бодовите битни за место меѓу осминафиналистите.

Најефикасен кај Нант беше Лазаров со 6 погодоци, а Балагер, Ниокас, Клер и Ривера постигнаа по 4 погодоци.
Кај домаќините најпрецизен беше Мирхол со 8 гола, следен од Егерт со 6.

Во мечот меѓу Пик Сегед и Мотор Запорожје од истата група славеа домаќините, потешко од очекувањата со 30-29.

На мечот во Сегедин најефикасен кај домашните беше Шоштариќ со 8 гола, додека кај гостите исто толку постикна Широка.
Македонскиот пикер, кој е дел од Мотор постигна 1 гол.

Пик Сегед останува на втората позиција во групата зад лидерот ПСЖ.

Scroll to Top