Top Sport

Наполи го купува дефанзивецот Манолас од Рома за 36 милиони евра!

Калчолигашот Наполи по се изгледа дека решил да му биде конкуренција на Јувентус во Серија А за титулата.
Тимот од Неапол досега се засили со десниот бек од Емполи, Џовани ди Лоренцо, а договорен е и трансферот на Хамес Родригес од Реал Мадрид, кој беше на позајмица во Баерн Минхен.

Тимот предводен од Карло Анчелоти е во преговори и со Мексиканецот Ирвинг Лозано од ПСВ, а најновата аквизиција на Наполи е дефанзивецот Костас Манолас.

Италијанските медиуми објавија информација дека грчкиот репрезентативец наскоро од Рома ќе се пресели во Наполи за сума од 36 милиони евра.

Предвидено е Манолас да потпише четиригодишен договор со годишна плата од 3.5 милиони евра.
Манолас на „Олимпико“ во Рим дојде пред 5 години од Олимпијакос, а договорот со „волчицата“ му е до јуни 2022 година.

Останува да се види како доаѓањето на Манолас ќе влијае на статусот на Калиду Кулибали кој е голема желба на челниците на Манчестер Сити.

Scroll to Top