Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас (20) денеска доби лоши вести од неговиот матичен клуб, италијански Наполи. Информациите кои стигнуваат од Италија се дека клубот од Неапол одлучил да го казни младиот фудбалер затоа што дал изјави на новинари без дозвола од клубот и ја прекршил наредбата за „силенцио стампа“.
„Наполи потврдува дека Елиф Елмас зборувал со медиумите без дозвола на клубот. Наполи реши да преземе санкции против фудбалерот“ – порача шефот на комуникации во клубот, Никола Ломбардо.
SSC Napoli can confirm that Eljif Elmas spoke to the press without the club’s authorisation during the current media blackout. SSC Napoli therefore reserves the right to take action against the player. Nicola Lombardo, Head of Communications
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) November 16, 2019
Одлуката фудбалерите да не даваат изјави ја нареди директно сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис откако играчите на клубот предводени од капитенот Лоренцо Инсиње по мечот во ЛШ против Салцбург одбиле да заминат во карантин, па си заминале дома.
„Во иднина ниту еден член на клубот нема да смее да зборува со медиумите. Оваа одлука ќе биде активна на неодредено време“ – пишуваше тогаш во дописот од клубот.