Top Sport

Натпревар во Шпанија беше прекинат поради смрт на навивач на трибините

Натпреварот од 16. коло на Ла Лига помеѓу Гранада и Атлетик Билбао беше прекинат непосредно пред крајот на полувремето поради смрт на 70-годишен навивач на кој му се слоши.

Шпанските медиуми наведуваат дека се работи за срцев удар.

Несреќниот навивач не можел да се спаси ниту кога брзата помош се обидела да го реанимира на лице место.

Судијата на натпреварот, во договор со делегатот, одлучи да не продолжи натпреварот поради овој трагичен настан.

Во моментот на пауза резултатот беше 0:1 во корист на гостите.

„На трибините повикана е брза помош, едно лице е во тешка состојба, поради тешката состојба не е можен негов трансфер во болница, па ќе продолжи да му се пружа помош на лице место“, информираа од клубот за време на пауза.

Судијата првпат го прекина мечот во 18. минута, веќе тогаш му се помагаше на несреќникот, а конечниот крај на натпреварот го означи во 38. минута кога судијата беше информиран дека човекот е во тешка состојба.

Scroll to Top