Голманот од Костарика, Кејлор Навас (32) кој оваа сезона најчесто е на клупата за резерви во Кралскиот клуб вчера на својот Инстаграм профил објави збогувачка порака со фанвите во Мадрид, но денеска се случи пресврт.
Навас во описот на фотографијата вели „Ви благодарам на се“, па фудбалскиот свет помисли дека дошло време за разделба.
Сепак денеска нов момент. Навас го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2021 година.
Шпанска „Марка“ ја потврди информацијата, повикувајќи се на изври од клубот кој за верноста на голманот во последните две години од договорот ќе му даде по 5 милиони евра од сезона.