Најдобрата светска ракометарка во моментов, Романката Кристина Неагу бара повисока плата за да остане во тимот на ЧСМ Букурешт. Неагу побарала клубот нејзината сегашна месечна плата од 22.000 евра да биде зголемена на 30.000 евра доколку романскиот шампион сака и понатаму да ги има нејзините услуги.
Челниците на клубот се изненадени од односот на ракометарката.
„Од почит кон фановите на нашиот тим, но и на романскиот ракомет, повторно правиме напори да ја задржиме Кристина Неагу во Романија, односно во ЧСМ Букурешт” – соопштија од клубот.
ЧСМ ќе и понуди нов договор на Неагу, сличен на претходниот, но без повисока плата, најавија од клубот.
Неагу засега сеуште е надвор од терените поради повредата што ја заработи на ЕП.