Најдобриот бразилски фудбалер Нејмар, во татковината се рехаблитира по операцијата на стапалото, а со мислите е на престојниот Мудндијал. Тој смета дека Бразил ќе го има најквалитетниот состав на СП.
„Бразил е најдобар и драго ми е што ја преводам оваа репрезентација. Се надевам дека ќе дојдеме до трофејот“, рекол Нејмар за „Глобо еспорте“.
Нејмар знае дека на СП ќе настапат многу квалитетни фдбалери, а истакнал двајца.
„Во светот има многу квалитетни фудбалери, а на СП играат најдобрите. Салах не игра за силна репрезентација, но може да има добро Светско првенство. Тука се и Роналдо, Меси, Азар, Суарез…Меѓутоа, Габриел Жесус и Кутињо се фудбалери што можат да направат разлика“, порачал капитенот на Бразил.
Нејмар се повреди на 25.февруари, на дербито против Олимпик Марсеј. Поради скршеница на метатарзалната коска во стапалото, тој неколку дена подоцна беше опериран во Бело Хоризонте.
Иако прогнозите беа дека рехабилитацијата ќе трае три месеци, можно е тој да се врати и порано, а Бразилците не ја исклучуваат можноста тој да игра на пријателскиот натпревар против Хрватска на 3.јуни.
Бразил на Светското првенство е во група со Костарика, Швајцарија и Србија.