Нема крај за проблемите на бразилскиот напаѓач Нејмар. Синоќа бразилската фудбалска репрезентација ги продолжи подготовките за настап на Копа Америка. Бразил на пријателски меч го доби Катар со 2-0, но го изгуби Нејмар за игрите чиј домаќин се токму Кариоките.
Напаѓачот на ПСЖ во 21 минута од мечот го напушти теренот, а двајца од тимот на Бразил му помагаа да излезе од теренот.
Настрада зглобот на ногата на напаѓачот, па од Бразилскиот фудбалски сојуз соопштија дека има повреда и дека Нејмар нема да биде подготвен за Копа Америка која започнува за 9 дена.
Бразил ќе се обиде без услугите на Нејмар да стигне до престижниот трофеј кој го немаат освоено од 2007 година.
Нејмар додека излегуваше од теренот имаше болна гримаса на лицето, со солзи на очите, а стадионот го напушти на „штаки“.
?¡OJO!? NEYMAR ABANDONA CON MULETAS el estadio tras salir LESIONADO en el partido con BRASIL (? IG: leonardobaran) pic.twitter.com/OBRbLBHBAZ
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) June 6, 2019