СЕХА лигата не е Лига на шампиони, но ракометарите на Вардар вечерва од 20.45 имаат обврска во Скопје да се судрат со хрватски Нексе, во осмото коло од регионалното натпреварување.
Ракометарите на хрватскиот клуб „ќе ја глумат“ шпанска Барселона, неделниот противник на Вардар во еминентната Лига на шампиони.
Дека Нексе не е тим за потценување доволно говори фактот што по седум одиграни натпревари, Нексе има шест победи и само еден пораз.
Во моментов со по 18 бода е баа врвот на СЕХА заедно со ривалот ППД Загреб. Вардар е трет со 15 бода.
Традицијата вели дека Нексе во Скопје гостувал седум пати, но ниту еднаш не успеал да слави кај Вардар.