Хрватскиот борец, Мирко „Cro Cop“ Филиповиќ (44) ноќеска славеше со едногласна одлука на судиите во борбата против Американецот Рој Нилсон.
„Cro Cop“ со тоа на најдобар можен начин му се реваншираше на Нелсон за поразот во 2001 година.
Ова беше 38 победа за Хрватот во неговиот 51. ММА меч. Сепак, Американецот не сака да го признае поразот.
„Ако сте гледале – го победив, судиите погрешија. Еден од нив борбата ја бодуваше 30-27 што нема шанси. Можеби бладам од примените удари в глава. Ви благодарам на сите за поддршката“ – рече Нелсон на Инстаграм по третиот пораз во низа во кариерата.