Алжирскиот голман Калифа Гедбан е последниот на листата повредени ракометари во Вардар кој мораше да биде опериран и да му биде санирана повреда.
Гедбан ја продолжи низата со повредени ракометари во Вардар која започна со Сергеј Горбок, па Вуко Борозан, следуваше Рожерио Мораеш и претпоследен беше „џинот“ Даинис Криштопанс.
Како што информираат од клубот, Гедбан имал проблеми со препоните, па морало да биде направен хируршки зафат.
Сега е пауза во сите конкуренции, па талентираниот голман ќе има време да се подготви за пролетните искушенија на клубот.
Вардарци првиот собир во 2019 година ќе го имаат на 8 јануари.