Top Sport

Немања Прибак доаѓа како „прва виолина“ во тимот на Војводина

Македонскиот ракометен репрезентативец, Немања Прибак (35) е најголемото засилување за тимот на новосадска Војводина.

Искусниот ракометар се очекува да биде големо засилување за тимот кој се натпреварува во СЕХА лигата.

Прибак настапуваше за РК Вардар во два наврата, од 2007 до 2009 година и повторно, од 2012 до 2015 година.

Во 2015 се пресели во турскиот клуб Бешикташ.

Со македонската репрезентација, Прибак настапи на Светското првенство во 2015 година.

Освен Прибак, Војводина го има во составот и српскиот ракометен репрезентативец, Стеван Сретеновиќ, а тука е и пивоменот Богдан Медуриќ.

Тимот го напуштија Душко Челица, Немања Вучичевиќ и бекот Саша Маријанац.

Scroll to Top