Селекторот на ракометната репрезентација на Србија, Ненад Перуничиќ објави дека поднесува оставка од позиција по неуспехот што го имаше српскиот национален тим на Европското ракометно првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.
„Орлите“ континенталниот шампионат го завршија уште во групната фаза, со 3 порази во исто толку меча, од Хрватска, Црна Гора и Белорусија.
„Реков дека или ќе ги сменам работите, или нема да ме има. Многумина не заболе поразот од Црна Гора по кој ги загубивме шансите за втор круг. Потпретседателот Шкрбиќ беше до мене да ја смири ситуацијата. Долго размислував и минатата недела ја поднесов оставката“ – изјавил Перуничиќ.
Тој открил дека оставката ја понудил уште додека ЕП беше во тек.
Наредните обврски за српските ракометни репрезентативци се во јуни кога ги чека баражот за СП кое идната година ќе се одржи во Египет.