Миланскиот калчолигаш, Интер ја одреди цената за аргентинскиот напаѓач, Лаутаро Мартинез. Баселона е заинтересирана за неговите услуги, па затоа „Нероазурите“ јасно им ставија до знаење на Каталонците под кои услови можат да го добијат фудбалерот.
Интер бара 90 милиони евра, Артуро Видал и Антоан Гризман на позајмица.
Лаутаро Мартинез има откупна клаузула од 111 милиони евра, што Барса не може да го плати во моментов.
Интер решил да им излезе во пресрет, па ја симна цената за напаѓачот. Но, покрај парите ќе треба Видал и Гризман една година да бидат позајмица на „Џузепе Меаца“.
Не треба да се заборави и дека клаузулата во договорот на Мартинец трае само во периодот од 1. до 15. Јули, а притоа Каталонскиот клуб треба да внимава и на финансискиот фер-плеј.
Информациите се дека Барса ќе се откаже од оваа понуда за Аргентинецот, па ќе се сврти кон друг напаѓач, Германец, Тимо Вернер.