Top Sport

Неверојатно промашување во Мексико од само 1 метар (видео)

Неверојатно промашување се случи на синоќешниот дуел меѓу мексиканските тимови, Тигрес и Чивас. Домаќините славеа со 3:0, а во 70. минута гостинскиот напаѓач, Орибе Пералта го промаши невозможното.

Екс-мексиканскиот репрезентативец се најде потполно сам на втора статива, а но од само 1 метар ја испрати топката паралелно со гол линијата.

Пералта не може да се пожали дека немал доволно време да ја види топката затоа што ја следеше целата акција, но потфрли во клучниот момент. Три минути по неговото промашување, Жињак го постигна третиот гол и ја запечати судбината на гостите.

Погледнете:

Scroll to Top