По 14 одиграни кола во Бундес лигата, Баерн Минхен е трет на табелата, но Баварците ја играат најлошата сеона во последните 8 години.
Додека дел од германските медиуму неколкупати го „бркаа“ тренерот Нико Ковач од кормилото на клубот, но сепак Хрватот преживува на клупата на Баерн.
Реномираниот магазин „Кикер“ ја извади листата на фудбалери со кои неофицијално Баерн е во преговори и кои ќе проба на крајот на сезоната да ги доведе на „Алијанц Арена“.
Листата од 5 фудбалери ја предводи Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт, па Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд. По нив следува Тимо Вернер од Лјпциг, голгетерот Набил Фекир од Лион и Торган Азар од Борусија Менхенгладбах.
Останува да се види дали овие играчи ќе го засилат германскиот фудбалски гигант кој на крајот се поизвесно дека ќе го напуштат ѕвездите Робен и Рибери.
Kicker names Luka Jović, Christian Pulisic, Timo Werner, Nabil Fékir and Thorgan Hazard as possible candidates being discussed at Bayern for next summer. pic.twitter.com/7Z5vRlCAXP
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) December 13, 2018