Шпанскиот репрезентативец со црногорски корени, Никола Миротиќ за време на Божиќниот пост организира одлична хуманитарна акција за помош на сиромашно семејство од Вуковар.
Кошаркарот кој моментно ги брани боите на НБА тимот Њу Орлеанс Пеликанс во акцијата ќе донира по 500 евра за секоја негова постигната тројка на натпреварите.
Миротиќ на секој меч постигнува по речиси 3 тројки во најсилната кошаркарска лига. Собраните средства ќе бидат наменети за нова куќа на самохран татко од Вуковар кој има 6 деца.