Top Sport

Николче Митревски со најмногу одбрани во првиот дел од СЕХА лигата (фото)

Голманот на битолски Еурофарм Пелистер, македонскиот репрезентативец, Николче Митревски собра 89 одбрани во првиот дел од регионалната ракометна СЕХА лига. Со тој скор тој е најдобар во оваа статистичка категорија во досегашниот дел од лигата.

Зад него, со само една одбрана помалку е Иван Матскевич, чуварот на мрежата на белоруски Мешков Брест.

Во листата од 5 најдобри остварувања во овој дел од сезоната место имаше и за Тодор Јандриќ од Металопластика, Игор Чуприна од Татран Прешов и Морено Цар од Нексе.

Scroll to Top