На неодамна завршената Копа Америка, на која Бразил стана континентален шампион, 36-годишниот капитен на „Кариоките“, Дани Алвес покажа и докажа дека се уште е во врвна форма.
Сепак, според информациите од бразилските медиуми, тој не сака повеќе да бара клуб во Европа за таму да ја продолжи кариерата.
Алвес, според непотврдените информации, ќе потпише тригодишен договор со бразилски Сао Паоло.
Претходно се шпекулираше дека има можност тој да се врати во Барселона, а како опција се појави и преселба во Манчестер Сити, кај Пеп Гвардиола.
Десниот бек, кој е најтрофејниот светски играч во моментов со 42 одличја, претходните две сезони го носеше дресот на ПСЖ и си замина од Париз по истекот на договорот. Претходно тој беше играча уште и на Севилја, бразилска Бахија, Барселона и Јувентус.
Најголем број трофеи Алвес освои со Каталонците, дури 23. По 5 трофеи освои со Севилја и со ПСЖ, три со Бахија и два со Јувентус, каде одигра само една сезона.