Top Sport

Норвешка ја победи Шпанија и си ги подотвори вратите на полуфиналето (видео)

Норвешките ракометарки остварија важна победа на мечот против репрезентативките на Шпанија и засега се на врвот во втората групата Европското првенство во Франција. Мечот заврши со резултат 33:26 во корист на Норвешка.

Шпанките успеаја да парираат само едно полувреме, резултатот по првите 30 минути на мечот беше 18:17 за Норвешка. Потоа Норвежанките „уфрлија во поголема брзина“ и постојано ја зголемуваа предноста за конечни 33:26.

Најефикасна во победничкиот состав беше Офтедал со 8 гола, а кај Шпанија Лопез го заврши мечот со 5 гола.
Во истата група во моментов својот меч го играат репрезентациите на Романија и Унгарија.

На табелата во моментов со 6 бода прва е Норвешка, но доколку Романија ја оправда фаворитската улога против Унгарките, тогаш тие ќе го преземат врвот со 8 бода.

Scroll to Top