Српската раометна репрезентација по убедливиот пораз од Франција со +14 гола (40-26), денеска беше високо поразена (38-28) и од Норвешка на турнирот од Златната лига во Париз, кој е подготовка за ЕП во ракомет кое започнува за 4 дена во Австрија, Шведска и во Норвешка.
Српските медиуми јавуваат дека ракометарите се покажале во подобро издание за разлика од мечот со Французите иако негативата од -10 не го покажува истото.
„Орлите“ одиграа добро прво полувреме и на пауза заминаа со 16-16 против фаворизираната селекција.
Во вториот дел сосема поинаква слика на теренот. Норвежаните „уфрлиле во повисока брзина“ па Србите едноставно не успеваа да ги следат брзоногите противници. Вториот дел и припадна на Норвешка со 22-12, за вкупни + 10 на неколку дена пред почетокот на ЕП.
Србија на ЕП е во „балканската“ група со Хрватска, Црна Гора и Белорусија.