Голманот на македонската фудбалска репрезенација, Столе Димитриевски со неговиот Рајо Валјекано попладнево претпе нов пораз во 25 коло од Примера, од Хетафе со резултат 2-1.
Нашиот голман беше немоќен и при двата гола на Хетафе кои ги постигна Мата во 28 и Молина (на асистенција на Мата) во 68 минута. Единствениот гол за Рајо беше дело на Раул де Томас во 58 минута.
Со овој пораз Рајо се наоѓа во многу незгодна ситуација, затоа што во моментов е на 19. позиција во Ла Лига со 23 освоени бодови, место кое води во понизок ранг.