Австралискиот тенисер, контроверзниот Ник Кирјос неодамна призна дека има психички проблеми, но очигледно дека тие и понатаму продолжуваат. Во текот на турнирот во Вашингтон, Кирјос на дуелот против Јапонецот, Јошихита Нишиока забележа сигурен триумф со 2-0 (6-2 7-5), но повторно имаше излив на бес со кој можеше некој да настрада.
Овојпат лесно можеше да биде повреден главниот судија во чиј правец Кирјос фрли шише со вода.
Го погоди страничниот сунѓер на столчето каде е сместен судија, а кога арбитарот го праша тенисерот за што се работи, Австралиецот го даде најчудниот одговор што можеше да се чуе:
„Ми испадна шишето од рака“ – рече тој.
The Rokit shot of the day by @NickKyrgios ? @CitiOpen #tennis pic.twitter.com/NobZqDNdhf
— Frogman (@frOGmanBB) August 2, 2019
Ден претходно австралискиот тенисер имаше нов испад со судијата на мечот со Жил Сумон. Судијата го нарече „компир со раце и нозе“. На тој меч имаше и еден скршен рекет кој потоа му го подари на млад навивач на трибините.