Атмосферата во Барселона по поразот на „Ел Класико“ не е најсјајна јавуваат, тамошните медиуми.
Информациите се дека асистентот на Кики Сетиен во текот на целиот меч против Реал Мадрид ги навредувал играчите од својата екипа. Наводите се дека прв на удар бил Гризман, но не бил поштеден ниту Меси.
Реномираниот „ЕСПН“ објави денеска дека помошникот Едер Сарабија не е најдобро прифатен меѓу играчите поради своето проблематично однесување. Инаку тој со години му е десна рака на Сетиен.
Од „ЕСПН“ информираат дека на тренинг на Барселона Сарабија се закачил и со Лео Меси кој се обидел со него да поразговара. Аргентинецот, наводно, му рекол дека неговото однесување е неприфатливо.
„Let Éder Sarabia continue to be intense bcos it’s that lack of intensity that has made this FC Barcelona useless.
And if this report is true about Messi complaining about Sarabia’s intensity then Messi is not serious. https://t.co/SgNKKcJWp3
— Amo el exito (@I_Love_Success) March 3, 2020“.
Денешната случка покажува дека нешто не е во ред на „Ноу Камп“, а атмосферата во клубот е полошо од што се мисли.