Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Милош Теодосиќ летото 2017 година од московска ЦСКА замина во НБА, во тимот на ЛА Клиперс. Авантурата во најквалитетната лига кратко траеше за еден од најдобрите асистенти во Европа, па пред извесен период тој доби отказ од клубот.
Америкнскиот новинар, Зек Ло со својот колег Џејсон Консепсион дадоа свое мислење за Србинот.
„Милош Теодосиќ дојде во лигата со 30 години и со навиката да пуши и да пие. Не пиеше многу, но сакаше да „живее живот“. Сите во НБА знаеја дека тој нема да успее, сите велеа дека 82 натпревари се премногу за него“ – вели Ло.
И Консепсион го дели мислењето на колегата.
„Милош беше прототип на играч кој изгледаше како да е од Европа. Тој пушеше. Тоа не е шега, тој навистина пушеше. Секогаш изгледаше како претходната ноќ да ја поминал во некој српски локал“ – додава тој.
Во продолжение да погледнеме 10 од неговите асистенции во НБА: