Европските ракометни шампиони, играчите на РК Вардар се освојувачи на подготвителниот ракометен турнир кој овие денови се одржуваше во Требиње, БиХ. Во финалето скопските „црвено-црни“ го совладаа тимот на полуларната Металопластика (која беше европски првак во 1986 година) со 32-28.
По првите 30 минути, во натпревар со многу голови Вардарци заминаа на пауза со три гола позитива, 17-14.
Во вториот дел Вардар одигра според реномето на клубот и не дозволи изненадување и со 32-28 го совлада тимот од Шабац.
Следен предизвик за Вардар е Супер Глоуб во Саудиска Арабија, каде нашата екипа кон крајот на месецот ќе се приклучи директно во четвртфиналето.