Top Sport

Ножичките на Дуарте донесоа реми за Гимараеш против Арсенал (видео)

Лондонски Арсенал денеска, порано од предвидениот термин за натпревари од Лигата на Европа, го одигра својот натпревар против Виторија Гимараеш во Португалија.

„Топчиите“ има поволен резултат се до судиското надополнување на мечот, кога домашниот играч Бруно Дуарте со прекрасен волеј удар донесе реми 1-1 за својата екипа.

Арсенал имаше повеќе од играта, а предноста на „топчиите“ дојде во 81. минута, кога за 0-1 погоди Шкодран Мустафи.
Бекот на Арсенал високо скокна по еден слободен удар и ја смести топката во мрежата на Гимараеш.

Сепак со погодокот за 1-1 двата тима поделија по еден бод, што го става лондонскиот тим во привилегирана позиција во групата Ф со 10 бода од 4 меча.

Од друга страна, ова беше прв бод за португалската екипа.

Утре својот меч во истата група ќе го одиграат Ајнтрахт Франкфурт и Стандард Лиеж.

Scroll to Top