Top Sport

Од Динамо порачаа: Адеми може да си оди ако некој плати најмалку 7 милиони евра!

Македонскиот репрезентативен фудбалер во редовите на Динамо Загреб, Аријан Адеми неколкупати досега се поврзуваше со трансфер во европски клуб, а неодамна во Хрватска се појави информацијата дека екс-селекторот на „Коцкастите“, Славен Билиќ сака да го доведе Адеми во Саудиска Арабија, во Ал Итихад.

Сепак „модрите“ од Загреб ја одредија цената за која Адеми може да побара нова средина. Како што информираат локалните медиуми, доколку на адреса на Адеми се појави понуда поголема од 7 милиони евра, тој може да си замине од Загреб.

Динамо за истата сума би го пуштил и Доминик Ливаковиќ да побара нова средина, додека многу повеќе пари хрватскиот тим бара за двете први ѕвезди во тимот.

Шпанецот Дани Олмо би можел да се пресели во друг тим само за 25 милиони евра, додека за Босанецот Амер Гојак тимот од „Максимир“ бара 15 милиони евра отштета.

Scroll to Top