Top Sport

Одом: Ех да беше жив Коби да ми даде совет!

Членот на шампионската генерација на Лејкерси од 2009 и 2010 година, Ламар Одом помина низ бурен период по завршувањето на кариерата.

Тој беше тежок зависник од секс, дрога и алкохол, па откако беше на работ на смртта, успеа да се ослободи од лошите навики и сега е нов човек.

Навивачите му се налутија што ги заложил двата прстени кои ги освои со Лејкерси, а тој жали што Коби Брајант не жив за да му даде совет.

„Се навикнувам на живот без братот. Коби беше меѓу првите кои ме посетија во 2015 година, кога се предозирав. Ме советуваше што да правам. Сега да можев би го прашал како да барам прошка од навивачите што ги заложив двата прстена“ – призна Одом.

Се очекува два шампионски прстени да бидат продадени за околу 100.000 долари.

Scroll to Top