Top Sport

Официјално – Ибрахимовиќ во Милан 6 месеци, во дрес со број 21

Шведскиот фудбалски интернационалец Златан Ибрахимовиќ (38) официјално го потпиша договор со Милан и тој ќе носи „црвено-црн“ дрес во наредните 6 месеци.

Швеѓанецот ги мина медицинските прегледи, по што го потпиша договорот во кој има клуузула за дополнителна уште 1 година. За да се обнови договорот ќе треба да се исполнат одредени услови. Тие засега не и се познати на јавноста.

Инаку Ибрахимовиќ сега ќе го носи дресот со број 21. Во претходниот негов настап за „Росонерите“ тој на грбот носеше број 11.

Scroll to Top