Фудбалскиот клуб Милан и семејството Малдини не можат едни без други.
Даниел Малдини, 18-годишниот син на клупската легенда Паоло Малдини го потпиша својот прв професионален договор до 2024 година.
Даниел е третиот играч од тоа семејство што ќе го носи „црвено-црниот“ дрес.
Првиот беше неговиот дедо Чезаре, кој за Милан настапуваше од 1954 до 1966 година. Како играч освои со „росонерите“ 4 Скудета, а како капитен го подигна трофејот во Купот на европските прваци во 1963 година.
Паоло целата кариера ја помина на „Сан Сиро“, од 1084 до 2009 година. Освои 25 трофеи, од кои 7 Скудета, 5 трофеи во Лигата на шампионите и 3 Светски клупски првенства.
Сепак, и Чезаре и Паоло беа дефанзивци, а Даниел е офанзивен игра, обожува да игра на позиција полушпиц.
From father to son: #MilanPrimavera‘s Daniel Maldini has extended his contract with the club until 30 June 2024.
Questa mattina Daniel Maldini si è legato ai colori rossoneri fino al 30 giugno 2024. pic.twitter.com/tTf1AgrGei
— ACMilan Youth Sector (@acmilanyouth) November 12, 2019
17 – Daniel #Maldini (17 years e 286 days) is the youngest AC Milan’s outfield player to start a match in International Champions Cup. Dinasty. pic.twitter.com/QBc53YVkyv
— OptaPaolo (@OptaPaolo) July 24, 2019