Top Sport

Ограбен е домот на Семедо додека тој е во карантин за „Ел Класико“

Домот на фудбалерот на Барселона, Нелсон Семедо денеска попладне бил мета на разбојници. Како што јавуваат шпанските медиуми, разбојниците го искористиле моментот додека фудбалерот бил во карантин, со соиграчите во хотел во Барселона за да влезат во неговата куќа од каде украле вредни предмети.

Засега нема информации што точно недостасува во неговиот дом.

Инаку изминатите години голем број фудбалери и членови на стручни штабови беа мета на крадци. Се чини дека залудно е што пред 2 месеци полицијата во Шпанија разби криминална мрежа која била специјализирана за кражби во домови на фудбалери.

Scroll to Top