Top Sport

Ограбена Андреа Лекиќ, крадци и го собрале целиот накит

Српската ракометарка Андреа Лекиќ (32) синоќа останала без целиот накит откако провалници влегле во нејзиниот стан и ја ограбиле.

Како што информираат српските медиуми, крадците синоќа влегле во станот на ракометарката кој се наоѓа во Белград и ги однеле вредните предмети, а за која сума станува збор, се уште е непознато.

Лекиќ во моментов е на подготовки со српската ракометна репрезентација со која од 29 ноември до 16 декември ќе настапи на Европското првенство што ќе се одржи во Франција.

Андреа Лекиќ стана миленичка на македонската публика откако неколку години ги бранеше боите на ЖРК Вардар. На крајот на минатата сезона таа го напушти Скопје и сезонава настапува во Романија, за тимот на ЧСМ Букурешт.

Scroll to Top