Фудбалерот на Барселона, новото засилување на Каталонците, Кевин-Принц Боатенг се подготвуваше за славје по синоќешната победа на неговиот клуб нас Валјадолид со 1-0.
Сепак славјето му пропадна кога репрезентативецот на Гана, кој синоќа за првпат беше стартер во тимот, се врати во неговата куќа и виде дека бил мета на крадци.
Крадци влеегле во неговиот дом и оттаму украле пари и драгоцени предмети во вредност од околу 300.000 евра, пишуваат шпанските медиуми.
Од полицијата информирале дека крадците го претресле секој милиметар од куќата и собрале се што е вредно.