Top Sport

Олимпијакос не се појави, ПАО стави „заклана“ кокошка на нивната клупа (видео)

Хаосот во грчкото кошаркарско првенство кулминира. Денеска од 18 часот тимот на Олимпијакос требаше да го игра четвртфиналниот дуел од домашниот плеј оф против лутиот ривал Панатинаикос, но играчите во „црвено-бели“ дресови не се појавија на паркетот во „ОАКА арена“. Нивниот услов, кој Федерацијата не сака да го прифати е меѓународни судии, а не домашни арбитри.

„Конфликтот меѓу Олимпијакос и Панатинаикос е важен на локално ниво, н ние сме во таа ситуација неутрални. Разочаран сум поради се и сметам дека ова е срамно за кошарката во Грција“ – изјави првиот човек на Евролигата, Бартомеу.

Откако Спанулис и другарите не дојдоа на дуелот со ПАО, домашните кошаркари поделени во две екипи одржаа посилен тренинг.

Провокацијата не изостана. На клупата каде требаше да се сместени играчите на Олимпијакос, членовите на ривалот поставија „заклана“ кокошка за да им стават до знаење какво е нивното мислење за противникот.

Scroll to Top