Top Sport

Oштетен ли беше Ајакс на мечот со Челси? (фото)

Сведоци сме дека и покрај воведувањето на ВАР системот во фудбалот, судиите прават огромни грешки, а најнов пример е вчерашниот дуел од третото коло од ЛШ во Амстердам меѓу Ајакс и Челси.

Навивачите на Ајакс се бесни поради една спорна ситуација за која сметаат дека нивниот тим е оштетен.

Снимката од спорниот момент е запрена токму кога топката се одвојува од стапалото на фудбалерот на Ајакс, Хаким Зијеш. Се чини дека најблиску до голманот на Челси, Кепа беше играчот на Ајакс, Квинси Промес, но дали навистина беше така е голема недоумица.

Од ВАР собата цела минута ја разгледуваа снимката и констатираа дека Промес бил во офсајд, па погодокот на Ајакс при резултат 0-0 беше поништен.

Мечот заврши со победа на Челси со 1-0 со гол постигнат во последните минути од мечот.

Сепак, екс-фудбалерите Марсел Десаи и Тим Шервуд ја анализираа спорната ситуација на каналот „БеИН Спорт“ и се согласија дека Ајакс е оштетен.

„Ова што му се случи на Ајакс е неправедно. Јас, како амбасадор на ФИФА ќе го пријавам овој случај. Ова што го гледаме тука, не е истото што ни го покажаа од ВАР собата“ – рече при анализата францускиот ас, Марсел Десаи.

Погледнете:

Scroll to Top