Top Sport

Остана без медал, противникот го повлече за рака – „Ова е грабеж“

Шпанскиот атлетичар, Орландо Ортега остана без медал на трката на 110 метри со пречки на Светското првенство во Доха откако пред целта за рака го повлече актуелниот олимписки победник, Омар Меклоуд од Јамајка.

„Ова е грабеж“ – повторуваше 28-годишниот Шпанец кој беше на добар пат да освои медал на трката.

Меклоуд и самиот беше на добар пат да стигне до една од медалите во трката, но при прескокот на последната пречка изгуби рамнотежа и се фати за противникот. На крајот беше дисквалификуван, но тоа е мала утеха за Ортега кој остана без одличје.

„Разбирам дека може да се случи допир, но не можам да прифатам што на овој начин останав без медал. Цела година вложив во ова и не е првпат да се случува вакво нешто“ – изјави Ортега.

На крајот, медалите завршија кај Грант Халовеј, Сергеј Шубенков и Паскал Мартинот-Лагард. Ортега заврши како петти.

Scroll to Top