„Никогаш во кариерата, на клупско ниво, не бил капитен, па нема да бие ниту во ПСЖ. Било да се работи за Сантос, Барселона или ПСЖ, Нејмар секогаш некој друг го водел и по тоа прашање ништо нема да се промени барем додека е на „Паркот на принцовите“.
Ова го изјавил тренерот на францускиот фудбалски шампион, Гермнецот Томас Тухел.
Стручњакот му стави јасно до знаење на Бразилецот дека нема да може да ја носи капитенската лента се додека тој е на кормилото на парискиот клуб.
„Не, не, нема Нејмар да биде капитен, ни во иднина. Го имаме Тиаго Силва и Маркињос кои морае да ги почитуваме затоа што фантастично ја извршуваат капитенската должност. Нејмар не е профил на човек кој би носел капитенска трака“ – смета Тухел.
Кај „Кариоките“ Нејмар беше капитен, но селекторот Тите за секој натпревар го менува капитенот.