Top Sport

Озил ќе го замени Руни во ДЦ Јунајтед?

Фудбалерот на Арсенал, Месут Изил би требало наскоро да стане играч на ДЦ Јунајтед во МЛС лигата на САД, пренесуваат медиумите на Островот.

Информациите се дека челниците на клубот во германскиот интернационалец со турски корени гледаат замена за Англичанецот, Вејн Руни кој од јануари 2020 ќе биде играч – тренер на членот на Чемпионшип дивизијата во Британија, Дерби Каунти.

Овој трансфер би значел дека „топчиите“ финансиски ќе се растоварат затоа што неделната плата на Озил изнесува 350.000 фунти.

Токму платата на 30-годишниот фудбалер ќе биде главна тема на состанокот на челниците од двата клуба, наредната недела во Вашингтон, информираат британските медиуми.

Озил имаше лоша сезона со Арсенал, постигна само 5 гола со 2 асистенции. Во досегашната кариера тој настапуваше и за Шалке, Вердер и Реал Мадрид, а со „панцирите“ во 2014 година стана светски шампион.

Scroll to Top