Top Sport

Озил со јакната гаѓаше кон Унаи Емери или можеби Марко Силва? (видео)

Дека Месут Озил има мушички во главата констатирале многу тренери, но досега ниту еден не бил гаѓан со ништо. Во мечот со Евертон Арсенал со победа планираше да го „фати последниот воз“ кој води кон ЛШ наредната сезона, па затоа тренерот на „топчиите“ Унаи Емери многу темпераментно го водеше својот тим во дуелот.

На 15 минути пред крајот реши да внесе во игра нов крилен напаѓач, Ивоби, а Озил го извади од игра.
Герменецот наеднаш ги загуби нервите, па по еден дуел меѓу неговиот соиграч Мустафи и Калверт-Левин од Евертон кога дојде до препирка меѓу тренерите на двата клуба, Озил ја фрли јакната кон неговиот менаџер Емери.

Дел од медумите во Англија тврдат дека мета му бил Марко Силва, менаџерот на Евертон, но ако се знае дека Озил подолго време е во судир со Емери, тогаш лесно може да се заклучи кон кого беше фрлена јакната.

Кого и да гаѓаше, Озил сигурно ќе биде казнет.
Погледнете:

Scroll to Top