Шведскиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ на почетокот на октомври минатата година стигна во родниот шведски град Малме каде пред стадионот, Фудбалскиот сојуз на Шведска му постави голема бронзена статуа.
Најдобриот шведски фудбалер на сите времиња сам го отвори споменикот, а на свеченоста присуствуваа неколку илјади негови сограѓани. Два ипол метарската статуа е тешка 500 килограми.
Сепак, оваа статуа неколкупати досега беше мета на вандали.
Прво на неа закачија даска за во тоалет. Информациите кои тогаш се појавија беа дека тоа е револт на навивачите на Малме кои разбраа дека Ибрахимовиќ станал еден од косопствениците на ривалот Хамарби.
Потоа навивачите на Малме го скинаа носот на статуата, го обоија во бело, ги пресекоа стапалата, а синоќа отидоа и чекор понатаму. Статуата е срушена и потполно уништена, а вандалите кои го сториле тоа на вратото на Ибрахимовиќ поставиле шал од шведската фудбалска репрезентација.
Ибрахимовиќ од пред неколку дена е член на Милан.
Zlatan Ibrahimovic's statue has been sawed down by the Malmo fans. pic.twitter.com/jRBWwske0L
— Nitwik Football (@NitwikFootball) January 5, 2020