Борусија Дортмунд во самиот финиш на мечот стигна до драгоцени три бода против Волфсбург во дуелот од 27. коло на Бундеслигата. Повторно херој на „милионерите“ беше Пако Алкасер кој двапати прецизно стрелаше во судиското надополнување на мечот.
Шпанецот првин погоди од слободен удар од 16 метри, а непосредно по првиот гол го постигна и вториот за значајна победа за титулата во Бундес лигата.
Баерн Минхен, пак, киксна во Фрајбург , одигра само 1-1 иако „баварците“ ја имаа доминацијата на мечот.
Лукас Холер со глава погоди за 1-0 за домашните, а во првото полувреме изедначи Роберт Левандовски. Се покажа дека тоа е конечниот резултат на табелата.
Вердер го победи Мајнц со 3-1, а домашни победи забележаа и Нирнберг против Аугсбург 3-0, односно Фортуна Дизелдорф против Борусија Менхенгладбах со 3-1.
По денешните натпревари Борусија има 2 бода повеќе од Баерн во трката за титулата.