Top Sport

Пандев за „LaGazzetadelloSport“: Сакам пласман на ЕП со Македонија!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев (35) во интервју за „LaGazzetadelloSport“ изјави што му се главните приоритети во моментов во кариерата.

Фудбалерот вели дека сака неговата Џенова оваа сезона да обезбеди опстанок во Серија А, а силно посакува со Македонија преку Лигата на нации да обезбеди настап на следното Европско првенство.

„Не ми е лесно да влегувам во игра од клупата за резерви и да играм мала минутажа, особено не поради мојата возраст. Би сакал да продолжам да играм уште една година и потоа ќе заминам во пензија. Сакам да ја заокружам кариерата со пласман на Европското првенство со Македонија. Самиот ќе знам кога ми е доста од играње фудбал“ – вели Пандев.

Струмичанецот веќе 17 години настапува во клубовите низ Италија, a со македонската фудбалска селекција никогаш не бил поблиску до пласман на едно големо натпреварување.

Scroll to Top