Легендата на Милан, Паоло Малдини и неговиот син, Даниел се позитивни на коронавирусот, објави денеска клубот од „Сан Сиро“ на својата официјална страница и на социјалните мрежи.
Nota ufficiale ➡ https://t.co/WvHxWMgfQI
Official statement ➡ https://t.co/0lywxXpobO pic.twitter.com/MkrVlFTyIg— AC Milan (@acmilan) March 21, 2020
Исто така денеска беше потврдено дека и играчот на Јувентус, Пауло Дибала има коронавирус.
Во Серија А, освен Дибала, Ругани и Матуиди од „Старата дама“, позитивни на опасниот вирус се уште неколку фудбалери, меѓу кои и играчот на Фиорентина, Патрик Кутроне, кој е екс-играч на „Росонерите“.
Италијанските власти денеска информираа дека во последните 24 часа, во Италија од коронавирусот починале 793 луѓе, а вкупниот број на заразени е над 53.000