Top Sport

Папаниколау го спаси Олимпијакос од пораз, па стана МВП на колото (видео)

Творецот на пресвртот и победата на грчки Олимпијакос, Костас Папаниколау е прогласен за најкорисен играч на 17 коло во Евролигата.

Во победата на Олимпијакос над Басконија во Пиреја, по продолженија, Папаниколау постигна 22 поени, вклучувајќи ја и тројката со која натпреварот го однесе во дополнителни 5 минути.

Ветеранот забележа и 6 скока, 2 скока со исто толку блокади, на што додаде една украдена топка, или вкупен индекс на корисност 31.

Во продолжение погледнете ги и 10-те најдобри потези во 17 коло:

Scroll to Top